Бишев вчера одржа предавање на Економскиот факултет на кое истакна дека банкарскиот систем во земјава навистина е стабилен и ликвиден и може да врши кредитна поддршка на економијата. Каматите се едни од најниските, а нефункционалните кредити имаат пораст кој е занемарлив. Според него, солвентноста на капиталот е висока и заемите во однос на депозитите во Македонија се некаде околу 86 проценти. Македонија и Албанија се единствените земји што ја имаат таа предност во регионот. Сите останати Србија, Бугарија, БиХ, Хрватска и Романија имаат сооднос на заемите спрема депозитите над 100 проценти, што значи дека во тие земји без дополнителен прилив на странски капитал не е можно да се зголеми кредитната поддршка на стопанството, а такво ограничување во Македонија банките немаат.
Бишев вчера одржа предавање на Економскиот факултет на кое истакна дека банкарскиот систем во земјава навистина е стабилен и ликвиден и може да врши кредитна поддршка на економијата.
Каматите се едни од најниските, а нефункционалните кредити имаат пораст кој е занемарлив.
Според него, солвентноста на капиталот е висока и заемите во однос на депозитите во Македонија се некаде околу 86 проценти.
"Македонија и Албанија се единствените земји што ја имаат таа предност во регионот. Сите останати Србија, Бугарија, БиХ, Хрватска и Романија имаат сооднос на заемите спрема депозитите над 100 проценти, што значи дека во тие земји без дополнителен прилив на странски капитал не е можно да се зголеми кредитната поддршка на стопанството, а такво ограничување во Македонија банките немаат", изјави Бишев.
Тој смета дека порастот на нефункционалните кредити е занемарлив, наведевуајќи пример дека во Бугарија во 2012 година во однос на 2008 година лошите пласмани се зголемени за седум пати и имаат процент од 17,5, во Хрватска се зголемени за 10 пати, а во Македонија се зголемени од 7,5 на 10,5 отсто, значи не повеќе од 50 проценти.
За каматните стапки потенцира дека имаат едни од најниските маргини, 3,5 отсто, што, според него, значи дека натамошно намалување на активните каматни стапки не е можно без намалување на пасивните каматни стапки.